Владата на денешната седница ќе ги именува наследниците на Чавков и Атанасовски

by fokus

На владината седница која ќе се одржи денес, ќе бидат именувани новите директори на Бирото за Јавна безбедност и на Управата за безбедност и контраразузнавање во МВР.

Поранешните директори, Митко Чавков, директор на Бирото за јавна безбедност и Владимир Атанасовски, шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање, се очекува да бидат разрешени од своите функции на денешната владина седница.

За Чавков, предлог за разрешување поднесе поранешниот министер за внатрешни работи Агим Нухиу, но тој во меѓувреме поднел барање за пензионирање. Чавков во извештајот на Работната група во МВР за расветлување на одговорноста за крвавите настани во Собранието на 27 април, е посочен како најодговорен за недавањето наредби на полицијата да постапи и да ги спаси животите на пратениците од СДСМ и од парламентарното мнозинство, во нападот на насилниците кои упаднаа таа вечер во Парламентот.

Извештајот е предаден во Обвинителството за организиран криминал и корупција, кое пред десетина дена соопшти дека нападот во Собранието бил организиран.

Поврзани новости