ВМРО-ДПМНЕ: Заев пред граѓаните мора да испорача резултати

by Fokus

Целта на патувањето на Зоран Заев во Брисел не смее да се сведе само на одмрзнување на препораката за започнување на преговорите за членство, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на посетата на премиерот Заев во Брисел.

Од партијата велат дека Заев на граѓаните им ветил брзо членство во ЕУ и НАТО, без да се задира во идентитетските прашања и без да се прават договори на штета на македонскиот народ и држава.

„Граѓаните очекуваат ветувањата да бидат исполнети, а не да се намалуваат очекувањата и да се нуди како успех нешто што веќе било сработено. Целта на патувањето во Брисел не смее да бидат само најави за разгледување на можностите за членство на Република Македонија во НАТО, туку мора да се испорачаат резултати. СДС не треба да одмолчува и да се обесхрабрува пред повторувањето на грчките црвени линии, според кои не треба да се помислува на членство во НАТО се додека не се реши проблемот кој Грција го има со нашето име. Министерот за надворешни работи не смее да дава конфузни изјави во интернационалните медиуми кои ги вознемируваат граѓаните и отвараат сомнеж дека СДС размислува за промена на уставното име. Ваквите изјави може сериозно да ги загрозат македонските преговарачки позиции“, пишува во соопштението на опозицијата.

Поврзани новости