Демократската партија на Албанците на вечерашното Централно претседателство донесе одлука да учествува во новата реформска влада предводена од СДСМ, потврди вечерва портпаролот на партијата Бујар Османи.
– ДУИ одлучи да ја почитува волјата на мнозинството граѓани Албанци и да учествува во владата. Иванов да размисли за своите чекори. Го повикуваме во согласност со неговите надлежности да го додели мандатот на парламентарното мнозинство потврдено со 67 потписи. Платформата не отстапува од Уставот и Охридскиот рамковен договор – истакна Османи.
Тој и партиите да бидат внимателни во нивните изјави за да не за загрозува иднината на Македонија. ДУИ сака да информира дека давањето потписи за влада подразбира и поддршка за новото парламенарно мнозинство и нова влада во духот на Охридскиот договор и интергацијата во НАТО и во ЕУ. Нашето учество е одраз на волјата на Албанскиот народ и има за цел исполнување на ветеното за време на изборите.