379
Демократската унија за интеграција изрази жалење за вооружениот инцидент што се случил вчера во Куманово и ги повика надлежните органи да го расветлат до крај.
Во инцидентот едно лице загина, а двајца се повредени. Според првичните информации, во Џемаил Реџепи пукале приврзаниците на Бајрам Лимани, кој пред еден месец беше именуван за претседател на огранокот на ДУИ во Куманово, од страна на претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
Реџепи не се согласуваше со ова именување, и бараше претседателот на огранокот да биде избран на редовно изборно собрание.