417
Демократската Унија за Интеграција останува на истиот став за вклучување на меѓународни експерти во сеопфатната истрага за обелоденување на сите нејаснотии за случајот Куманово, информираат од таму откако судот денска ја изрече пресудата за обвинетите за инцидентите во Диво Насеље.
„Судскиот Процес и доказите на протагонистите изнесоа на површина дилеми околу организаторите и мотивите на овој тежок случај, затоа граѓаните треба да ја дознаат целата вистина. Дел од доказите и материјалите со кои граѓаните имаа можност да бидат запознаени преку медиумите алудираат на наводна вмешаност и на официјални претставници на највисоките државни институции во комуникација со протагонистите на настанот“, велат од партијата.
Од таму бараат во врска со случајот МВР да побара соработка од Косово и Албанија.
„Го покануваме Министерството за Внатрешни Работи и органите на владеењето на правото да вклучат меѓународни експерти во истрагата за случајот и да воспостават комуникација и соработка и со властите на Косово и Албанија со цел размена на информации кон целосно расветлување на случајот“, порачуваат од партијата на Али Ахмети.