ДСЗИ и наложи на директорката на битолската болница да обезбеди адвекатна просторија за починати пациенти

by fokus

На директорката на Клиничката болница во Битола и е наложено да обезбеди адвекатна просторија за починати пациенти, по инспекцискиот надзор што го изврши Државниот санитарен и здравствен инспекторат откако во медиумите беше споделено видео дека во иста просторија во тријажниот центар пациенти примаат инфуција и има починати.

Директорката на ДСЗИ Ирина Сотирова Бухова вели дека веќе се поставени и паравани и се задоволени потребните критериуми за почитување на правата за приватност на пациентите, а изречено е решение за санирање на санитарниот чвор што со претходно решение бил забранет за употреба.

ДСЗИ досега иницирал 21 вонреден инспекциски надзори, а во тек се девет.

-Тоа е делот од тријажниот центар каде се лекуваат и примаат терапија пациенти кои се надомашно лекување суспектни на Ковид. Случката е на 22 ноември во 16.30 часот кога во болницата имајќи го предвид билетнот од претходниот ден, за жал, во битолската болница има вкупно 13 егзитирани пациенти, а капацитеот на моргата која ја имаат за сместување на починати пациенти е четворица. Заради динамиката на подигање на телата, секако се во склоп со законските протоколи после колку време може да бидат подигнати телата, има недостиг од простор.

На директорката и е наложено да обезбеди адекватна просторија или проширување на моргата која ќе одговори на потребите. Во однос на изолираноста на пацинетите со паравани, тие се веќе поставени и се задоволени основните критериуми почитувајќи ги правата за приватност од Закон за права на пацинети, изјави Бухова.

Вонредниот надзор на ДСЗИ во Килиничката болница во Битола ги опфати и санитарно хигиенските услови, а по реакците за состојбата на санитарен чвор.
ДСЗИ, појасни Бухова, уште минатата година има издадено решение за тој санитарен чвор и е забранет за употреба и со решение е наложена негова реконструкција. Тој дел од болницата пред почеток на пандемиските услови беше планиран за комплетно реновирање и пременување во геријатриски центар, но заради напливот на пациенти овој дел од болницата е отворен за употреба, освен санитарниот чвор. Во моментов е издадено решение по кое директорката веднаш постапува за санирање, рече Бухова, одговарајќи на новинарски прашања по средбата на инспкеторите од ДСЗИ со вицепремиерот Љупчо Николовски.

Поврзани новости