Адвокатот Миланов по сведочењето на Заев: Очекуваме обвинението да биде повлечено

by fokus

По денешното сведочење на премиерот Зоран Заев, за „Организаторите на 27 април“, од одбраната истакнаа дека се изненадени, бидејќи тој посочи дека според него поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, ексминистрите Спиро Ристовски и Миле Јанакиески и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски, не се главните организатори на крвавиот четврток

-Ако првиот човек на државата во изминатите 4 години како премиер со пристап до сите безбедносни информации каже дека организатори за настаните од 27 април 2017 во Собранието сигурно не се Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Трајко Вељаноски мислам дека е сосема релевантна информација која може да се земе предвид и ова обвинение треба во таа насока и да оди односно истото да биде повлечено, изјави адвокатот Еленко Миланов кој е бранител на Вељаноски, Ристовски и Јанакиески.

Тој вели дека како одбрана се изненадиле, со оглед на тоа што претходно немале комуникација со Заев иако тој сведочеше по нивен предлог.

-Иако е сведок на одбраната, немавме пристап и можност за распит да што било договараме околу одговорите така што и ние бевме изненадени од неговиот исказ, но сепак искреноста е добредојдена, рече Миланов.

Поврзани новости