Законските измени по политичкиот договор за излез од кризата, се контроверзни и спротивни на Уставот и демократските принципи, но тие се одраз на политичката криза и отпорите на власта да не се менува ништо, затоа што промените значат отворање на круцијалното прашање за одговорноста на креаторите на кризата, соопштија од Демократскиот сојуз на Павле Трајанов.
„Без да се утврди одговорноста за масовното прислушување, кршењето на изборните правила и докрај да се расчистат сериозните сомневања за тешки облици на криминал, нема да има услови за фер, демократски и кредибилни избори. Огромна одговорност имаат судовите кои досега се една од најслабите карики во системот на институции надлежни за обезбедување на правда и владеење на правото“, велат од ДС.