Исклучените потрошувачи обвинуваат дека власта предизборно ја намалува цената на парното

by Фокус
По повод новото снижување на цените на парното греење, се огласија од здружението на исклучени потрошувачи од системот на парно греење Но пасаран, од каде сметаат дека се работи за политички трик во пресрет на парламентарните избори.
„Целта е да се покаже дека ДПМНЕ се грижи за граѓаните, но ние знаеме дека тоа се прави само од силната желба да се остане на власт. Зошто сметката е намалена само за десетина проценти кога знаеме дека цената на гасот е намалена многу повеќе од тоа? Зошто ова се случува пред најавените избори?“, прашуваат од Но пасаран.
Од таму информираат дека утре во 12 часот ќе оддржат традиционален собир пред Триумфалната порта, во знак на револт поради тоа што властите и БЕГ им наплаќаат за парно, а ниту користат ниту сакаат да го користат овој систем за греење.

Поврзани новости