Случајот „Макпетрол“ е тест за промена на евроатланскиот курс

by Фокус

Случајот „Макпетрол“ е тест дали ќе ја пресретнеме опасноста од енергетска зависност и идна промена на евро-атланскиот курс на државата, предупредува Либералната партија.

– Непријателско преземање на компанијата од страна на рускиот „инвеститор“ најавува опасност низ енергетска зависност на пазарот на нафта, нафтени деривати и гас да биде влијаено врз промена на македонската надворешно-политичка и воена евро-атланска ориентација. Имајќи ги предвид етничките и религиозните различности и во Македонија, и Македонците и Албанците и воопшто граѓаните на Македонија, а пред се политичките лидерства, мора да бидат свесни за предизвикот и потребата од одолевање било пред романтичкиот панславизам на путинизмот, било пред идеологизираниот исламизам на ердоганизмот – рече партискиот претседател Ивон Величковски.

Поврзани новости