ДС: Заев, Рама, Вучиќ треба да договорат и заедничка борба против криминалот и корупцијата

by Фокус
Демократскиот сојуз на Павле Трајанов смета дека балканските држави треба меѓусебно да соработуваат, со цел да се овозможи брз проток на стоки, капитал и идеи, како битни предуслови за економски развој, но, нагласуваат од партијата, мора во преден план да договорат заедничка борба против организираниот криминал и корупцијата.
„Криминалот го загрозува демократскиот, економскиот развој и евроинтеграциските процеси. Карактеристика на сите балкански држави, а посебно на Македонија, Албанија и Србија, е високата криминализација, посебно институционалниот криминал, каде по правило во тешките облици на криминал е вклучена и власта. Изненадува фактот, што на овој Балкански самит никој не ја иницира потребата од ефикасна борба против криминалот“, соопштија од ДС.

Поврзани новости