Oпожарена е површина од 250 хектари, при 200 контроли изречени се над 30 казни

by Фокус 17:12
17:12

Државниот инспекторат за земјоделство информираше дека за време на викендот биле зачестени контролите на терен, осбено во оние региони каде што има потенцијална опасност од плаење на стрништата на земјоделско земјиште.

Од ДИЗ го информирале Генералниот секретаријат на Владата дека соработката со општините, како и со полициските единици, е солидна, особено во Кочани каде оваа појава е најзачестена, со цел запирање на трендот на загадувањето на воздухот, палење на стрништата, шумите и друга вегетација.

„Од досегашните спроведени контроли, што се повеќе од 200, изготвени се записници и 34 казни од кои пет барања за прекршична постапка за сторен прекршок спротивно на член 46 став 2, а казниво по член 61 став 3 од Законот за земјоделското земјиште, а констатирана е опожарена површина од околу 250 хектари“, стои во соопштението од Генералниот секретаријат.

- Advertising -

Поврзани новости