ДС: Забраната за објавување на „бомбите“ е атентат врз демократијата и слободата на говорот

by Фокус 09:58
09:58

Демократскиот сојуз “најенергично протестира“ против обидот за донесување на Закон за забрана на објавување на материјали од прислушкувани разговори.

Според нив, тоа претставува атентат врз демократијата и слободата на говорот.

- Advertisements -

– Масовното кршење на човековите права со неовластено прислушкување, како и тешките обиди на организиран криминал, не смеат и не можат да бидат предмет на законска заштита. За криминалот треба да се понесе кривична одговорност. Криминалот не може да биде вредносна категорија тоа е зло коешто ја разорува државата и со тоа зло мораме да се справиме – се наведува во соопштението од партијата.

Од таму велат дека ќе ги искористат сите демократски средства за да го спречат донесувањето на овој закон и воедно ги повикуваат сите пратеници да го дигнат гласот на разумот и го сочуваат дигнитетот на Парламентот и на државата.

 

Поврзани новости