391
Демократскиот сојуз поднел предлог на измени на Законот за јавен долг, според кој, Владата на Република Македонија, преку издавање хартии од вредност (обврзни и сл.), најмногу да може да ја задолжи државата 100 милиони евра за една година.
-За долг над 100 милиони евра ќе одлучува Собранието на Република Македонија, со што ќе се обезбеди поголема одговорност но и транспарентност при носењето одлука за задолжувањето на Република Македонија. Последното задолжување од 450 милиони евра и каматна стапка од 5,6%, без претходни анализи и консултации, како и без образложение за тоа каде ќе се трошат средствата, потенцијалот и начинот на кој ќе се враќаат и без информирање на Парламентот и јавноста, остави сомнеж дека овие средства власта ќе ги користи за клиентелизам во врска со претстојните парламентарни избори, се вели во соопштението од ДС.
Од партијата на Павле Трајанов додаваат дека со неконтролираното зголемување на јавниот долг се поткопува економската основа на државата и може да има огромни негативни последици по стабилноста и економскиот развој.