Заев се сретна со Орав: Од изборите зависи иднината на Македонија

by fokus

Лидерот на опозицијата, Зоран Заев, денеска се сретна со евроамбасадорот Аиво Орав, и на средбата било констатирано дека следните предвремени парламентарни избори мора да бидат регуларни и тие избори, за кои е потребно да се испочитуваат роковите и да се одржат според предвиденото во декември се сериозен предизвик за Македонија дали ќе зачекори кон стабилна иднина.

-Иднината на Македонија е во Европската Унија и во НАТО и СДСМ ќе направи сè да ја врати земјата на демократскиот колосек. Прв чекор се регуларни избори во декември на кои граѓаните преку слободно изразена волја ќе изберат кому ќе му дадат довербата да ја води државата. На таквите избори, убедени сме дека честа и одговорноста ќе ја добие СДСМ, кој ќе го обнови разурнатиот државен систем, ќе ги постави институциите на здрави темели, ќе ја врати довербата на граѓаните во нив, ќе обезбеди правдата да важи за сите, а преку реалната економска програма ќе го подигне животниот стандард на граѓаните и стопанството, рекол Заев на средбата.

На оваа средба тој бил придружуван и од заменик-претседателката Радмила Шекеринска и од генералниот секретар Оливер Спасовски.

Поврзани новости