Демократскиот сојуз смета дека, одлуката на Европската Комисија, Република Македонија да добие безусловна препорака за започнување на пристапните преговори за полноправно членство во Европската Унија е признание за сите граѓани кои цврсто се определија за промени, реформи и стабилност, како и за посветеноста и демократскиот курс на Владата и Парламентот на Република Македонија.

„Во Македонија постои и политички и граѓански консензус за влез во Европската Унија. Препораката е и голема обврска за Владата на Република Македонија да ги имплементира реформските определби, посебно во областа на правосудниот систем, службите за безбедност, јавната администрација и медиумите. Борбата против корупцијата мора да биде силна и ефективна, а стабилноста и правната сигурност, врвни приоритети – се наведува во соопштението од ЕУ.

Според нив, доцнењето на реформите и блокадата на евроинтеграциските процеси во изминатите осум години мора да се надоместат со тоа што Македонија ќе биде ставена на “брза лента” и реформите да се одвиваат со забрзана динамика и поддршка од сите релевантни партии.

 

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.