ДС: Доста се сликавте, фатете се за лопати

by Fokus

Демократскиот сојуз ги повикува партиските лидери да престанат да се сликаат и да ја кoристат оваa трагедија за политички поени.

– Организирајте, помагајте, донирајте, но со сопствени или партиски ресурси и немојте да изигрувате хумани луѓе делејќи државна помош (тоа се народни пари). Ве повикуваме да ги оставите надлежните институции, хуманитарните организации и доброволците, на организиран и професионален начин, да помогнат на настраданите. Потфрлија многу институции, но тоа е резултат на неспособните партиски кадри, на лошата партиска селекција и на маргинализација на способните, школуваните и високите професионалци – се наведува во партиското соопштение.

Затоа ДС ги повикува политичарите: „фатете се за лопатите, но не го тестираjте трпението на граѓаните, барајќи да ви се поклонуваат“.

Поврзани новости