Левица: Лицето Н.Г. нека прекине да парадира и нека даде конкретна помош

by Fokus

Политичката партија „Левица“ го осудува вчерашниот настан, во кој нивен член кој го критикуваше претседателот на ВМРО ДПМНЕ додека тој шеташе низ погодените од поплави подрачја, беше нападнат од член на неговата придружба.

– Многу членови на Левица се на терен и им помагаат на граѓаните погодени од поплавите и од негрижата на режимот. Нашиот член кој беше нападнат е еден од оние наши членови кои најмногу се вложуваат во помагањето на жителите на погодените села. Нека лицето Н.Г. земе пример од него, нека престане да парадира и нека даде конкретна помош. Воедно, Левица упатува повик до сите политичари да престанат со сликањето во поплавените подрачја. Помошта е најискрена кога е анонимна, а не кога се разгласува на сите фанфари – се наведува во нивното соопштение, откако од владејачката партија вчера обвини дека се работи за провокација.

Поврзани новости