ДС: Договорот пропадна, но Македонија не се само 4 лидери

by Фокус

Демократскиот сојуз оценува дека со непостигнувањето договор за целосна и фер реализација на договорот од Пржино, Македонија стана заробеник на нефлексибилни, нетолерантни партиски лидерства, поради кои страдаат слободарските и проевропски ориентирани граѓани.

„Анкетите покажуваат дека над половина од граѓаните во Македонија не сакаат да гласаат и незнаат за кого. Станавме држава во која најстресно се живее. По 25 години самостојност ние и натаму сме во последниот вагон, без прозори“, се вели во соопштението на ДС.

ДС ја повика Европската Унија, САД и целата меѓународна заедница да видат дека Македонија, политиката, и интелектуалниот и национален капацитет и интегритет не се само четворицата лидери и партиските врхушки.

„Бараме директна вклученост во процесите на сите, одговорноста е и во себичноста на политичката четворка, но и во селективноста на меѓународната заедница“, стои во соопштението на ДС.

Поврзани новости