Демократскиот сојуз го повикува Али Ахмети, во интерес на мирот и стабилноста на Македонија, како и создавање основни предуслови за владеење на правото, да ја повлече албанската платформа.
-Оваа платформа се искористи за досега невидена пропагада од раководството на ВМРО ДПМНЕ и создаде поделби и чувство на несигурност и меѓусебни конфронтации помеѓу граѓаните. Се работи за специјална војна со потикнување на протести, како можен вовед во дестабилизација и граѓанска војна. Повлекувањето на платформата ќе ги елиминира аргументите на лажниот патриотизам- се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.
Како што велат од партијата со овој потег ќе се создадат услови да се формира реформска Влада, а дебатата за сите отворени прашања ќе се одвива во Парламентот.