СЈО поднесе жалба, по втор пат ќе бара притвор за Сеад Кочан

by fokus

Специјалното јавно обвинителство го обжали решението на судијата на претходна постапка за неизрекување на мерка притвор за бизнисменот Сеад Кочан, кој прво осомничен во предметот „Труст“.

Како што дознава Фокус, барањето за притвор на СЈО било одбиено од судијката Даниела Димовска, која има искуство од само шест месеци. Таа на на 5 септември била избрана за судија, и веднаш била распоредена во одделението Кривична материја претходна постапка.

Додека пак за осомничениот Василије Авировиќ, одлуката да му бида одредена мерка на претпазиливост, ја донела судијката на преходна постапка Сандра Крстиќ.

Инаку, Во предметот „Труст“ осомничени се три физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ од Студеничани за учество на тендер на Електрани на Македонија. Тие се сомничат дека го добиле тендерот на ЕЛЕМ вреден 1,06 милијарди денари или 17.235.772 евра, доставувајќи фалсификувани документи за сопственост на мехнизација и за кадровска екипираност.

Поврзани новости