Државниот правобранител побарал од Основен суд Скопје 2 привремена забрана за емитување на „Ругање на Христос“

by Fokus

Државниот правобранител, на барање на Министерството за култура, побарал од Основниот суд Скопје 2 привремена забрана за емитување на филмот „Ругање  со Христос“, пренесува Алсат.

Во барањето се наведува дека содржината на филмот е навредлива, пред се на етничка основа, ќе поттикне верска омраза, поделби во општеството и може да наштети на соживотот во земјата.

„Со оглед на содржината на објавениот трејлер и дополнителното разгледување на сценариото на овој филм, Министерството за култура тврди дека филмот има потценувачка содржина, пред се на национална основа, и ќе поттикне верска омраза, и поделба во Република Македонија .Филмот не го промовира соживот на заедниците во земјата, а јавното објавување може да поттикне и меѓуетничка омраза, што е спротивно на јавниот интерес на граѓаните. Одлуката за привремена забрана треба да важи 30 дена по завршувањето на филмскиот фестивал“, се вели во барањето на Државниот правобранител.

Поврзани новости