Шестмина пратеници од ВМРО ДПМНЕ преговараат за уставни измени?

by Fokus

Шестмина пратеници од ВМРО ДПМНЕ преговараат за можноста да го дадат својот глас за уставни измени, пренесува Телма. Детали не се откриваат, а информацијата практично ја потврдија и од владејачкото мнозинство, велејќи дека се во постојана комуникација со колегите од противничкиот табор. Пратеникот од СДСМ, Мухамед Зеќири вели дека разговараат со сите пратеници, освен со екс-лидерот на опозицијата, Никола Груевски.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ не потврдуваат дали има средби со пратениците, но ниту негираат.Велат дека, и ако има, средбите се на ниво на пратеници, но не и на лидерско ниво.

Потврдија дека имало средба и меѓу Мицкоски и Ахмети, но засега не откриваат никакви детали. Со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пак, би се сретнале само доколку се согласи да ги исполни нивните барања за техничка влада на 100 дена пред избори, јавен обвинител на предлог од опозицијата и Анкетна комисија за неправилностите од референдумот.

Поврзани новости