822
Државна матура нема, а учениците нема да се вратат во училишните клупи до крајот на наставната година. Ова се дел од сетот образовни мерки кои ги усвои Владата на денешната седница.
Се укинува државната матура, училишната матура и завршниот испит за оваа учебна година!
Учениците од основните и средните училишта не се враќаат во училишните клупи до крајот на наставната година!
Тековната учебна година до крај ќе продолжи да се реализира преку организирање на далечинско учење, односно учење од дома!
Уписот на првачињата за учебната 2020/2021 година ќе се врши во јуни!, објави на Фејсбук, министерот за образование, Арбр Адеми.