МВР: Акцијата во Струмица беше за непочитување на полицискиот час, пакетите ги чува полиција додека да се проверат

by Fokus

Во официјалното соопштение од МВР за синоќешната акција во Струмица во магацинот каде волонтери пакувале пакети со храна од донациите на семејството Заев, се наведува дека полицијата постапувала според план и задачи за непочитување на забраната за движење.

„На улицата „Ѓорѓи Трајков“, биле затекнати 11 лица и пакети. Од страна на полицијата лицата се легитимирани по што е констатирано дека дел од лицата поседуваат дозволи за движење на вработен поради вршење на сменска и ноќна работа издадени од Здружение за хуманитарни цели ’Сите заедно можеме‘, а дел од лицата поседуваат Известување издадено од Општинскиот штаб за заштита и спасување при општина Струмица на 10 април 2020 година. Со овластување на дежурниот јавен обвинител извршен е увид и одземени се дозволите и известувањата со цел проверка на веродостојноста на истите“, – се наведува во соопштението на МВР.

Поврзани новости