Државна лотарија отвори нова благајна за исплата на добивки од игрите на среќа

by Fokus
Државна лотарија најавува дека во Скопје, започна со работа нова благајна за исплата на добивки од игрите на среќа, Благајната се наоѓа во непосредна близина на Порта Буњаковец, на адреса бул. „Партизански одреди“, број  23. Работното време на благајната за исплата на добивки од игрите на среќа на Државна лотарија, е од 10 – 14:00 часот секој работен ден.
Државна лотарија, во овие услови, вложи вонредни напори за отворање нова благајна во центарот на Скопје, со цел растоварување на благајната во зградата на МРТ.
Добитниците ги молиме со себе да ја имаат потребната документација и да се придржуваат на правилата за заштита на своето здравје и здравјето на другите.
За потребни информации побарајте го нашиот контакт центар на броевиет: 02 323 7777 и на 076 313 052 (вибер број).
Следете не на социјалните медиуми и на www.loto.mk

Поврзани новости