Државата им ги плати долговите на девет илјади граѓани

by Фокус

Државата отплати долгови на девет илјади граѓани, во просечна висина од 1.600 евра. Најголем дел од долговите се за сметки за струја, сметки за радиодифузна такса, но и рати за кредити. Во првата фаза, ќе бидат избришани долгови во висина од скоро 15 милиони евра.

Премиерот Груевски рече дека ова било дел од предизборните ветувања, а се заснова на начелата на хуманизам, социјална праведност и солидарност. Тој денеска, заедно со министрите за финасии и за социјална политика, на рака им ги додели решенијата за отпис на долгови на триесетина семејства. Тие пак, не сакаа да говорат за ефектот од оваа мерка.

За оваа мерка на Владата за отпис на долгови аплицираа 42 илјади граѓани.

 

 

Поврзани новости