Костовска: Починатите бебиња не биле вакцинирани со вакцината Дитепер

by Фокус

Двете бебиња за кои медиумите известија дека наводно починале откако примиле вакцина Дитепер ја проверивме и констатиравме дека всушност тоа не е вистина. Двете бебиња воопшто не биле вакцинирани со оваа вакцина. Згора на се, двете биле на толкава возраст на која воопшто и не се дава таа вакцина. Според правилата, Дитепер се дава на возраст над три месеци, изјави денеска Јованка Костовска, раководителка на Секторот за примарна здравствена заштита при Министерството за здравство.

– Во тек е детална проверка на целиот случај. Се проверува здравственото минато на двете бебиња, но сепак најверодостоен одговор да причекаме да даде Институтот за судска медицина – нагласи Костовска, која истакна дека вакцината Дитепер се увезува од Бугарија и е според сите стандарди на Светската здравствена организација.

Според Костовска, единствени нус-појави кои се јавуваат од Дитепер се општо познати, односно плач и црвенило околу местото на убодот.

Едното од починатите бебиња е од скопската општина Студеничани, а второто од Шуто Оризари.

Поврзани новости