575
Државата денеска се задолжи со 500 милиони евра со нова евро-обврзница, со камата од седум насто. Рокот на отплата е четири години. Парите од новото задолжување ќе се користат за рефинансирање на евро-обврзницата од 2016 година, и другите претходни долгови.
Ова е втора аукција откако претходната евро-обврзница се повлече поради технички проблеми, односно недостасуваше потпис од министерот за правда кој си поднесе оставка.
Сумата на оваа евро-обврзница е пониска од пропаднатата евро-обврзница која беше 600 милиони евра, но каматната стапка е повисока.
Ова е деветта по ред евро-обврзница што ја издава државата.