Џафери на годишнината од основањето на УЧК

by Fokus

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, заедно со други претставници од политичкиот живот во земјата се приклучи на активностите кои традиционално се организираат во Република Косово за одбележување на годишнините од основањето на Ослободителната војска на Косово (УЧК).

Годинава се одбележа 25-годишнина од основањето на УЧК. Џафери положи венец свежо цвеќе на гробот на основачот на ОВК, легендарниот херој Адем Јашари и целото храбро семејство Јашари во Меморијалниот центар во Преказ, Дреница,

„Претседателот на Собранието ја изрази неговата почит за храбриот отпор на целото семејство Јашари чија што пожртвуваност, борба за слобода и ослободување на татковината беше многу поважна од нивниот личен живот кој што го положија за отворање на патот кон една многу повисоката цел“, соопштија од собраниската прес служба.

 

Поврзани новости