Дрвокрадци фатени на дело, следниот ден шумската полиција повторно ги затекнала на истото место

by fokus

Против три лица е покрената кривична пријава за „кражба на шума“ откако шумската полиција ги затекнала на истото место два дена едно по друго како вршат диво сеча. Двајца жители на Василево и еден жител на Радовиш, заедно со 16-годишник, првиот пат избегале од полицијата, но вториот пат не уапсеале да се скријат во шумата.

Пријавените се 24-годишен И.Д. од с.Чанаклија, општина Василево, 22-годишен Н.Б. од с. Старо Балдовци и 32-годишен С.Ф. од с. Калуѓерица, радовишко. На 13-ти август годинава на планината Огражден, на место викано „Маилица“, од вработени од ПШС „Беласица Струмица“ биле затекнати при бесправна сеча на дабови стебла. Биле со возило сопственост на еден од пријавените, кое го напуштиле на непрооден дел од патот за да и избегаат на шумската полиција.

На 14.08.2017 година, шумочуварите повторно, на истото место,  пронашле возило „Форд Сиера“, сопственост на третопријавениот, натоварено со зелени дабови дрва. Потоа го забележале возилото, сопственост на првопријавениот, како влече друго возило.

„При обидот да ги запрат возилата,  кои биле натоварени со дабови дрва без жиг и соодветна документација, пријавените се однесувале насилно, и продолжиле да се движат. По извршениот увид било констатирано дека пријавените исекле 120 дабови стебла со  бруто дрвна маса од 45,50 метри кубни и осум букови стебла со  бруто дрвна маса од 3,2 метри кубни“, велат од полицијата.

Поврзани новости