Другата страна на Катица: Ги кара обвинителите да побрзаат со работата

by fokus

Во документарниот филм „Македонските Чарлиевите ангели” кои вечерва се емитува на српската ТВ Н1 беше прикажана страна на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која досега јавноста ја нема видено.

Во една од сцените Јанева со повишен тон им се обраќа на вработените и им укажува побрзо да ја завршуваат работата.

Филмот на британската новинарка Рејчел Рајт известува за борбата на трите обвинителки Катица Јанева, Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи за покревањето обвиненија против поранешни македонски функционери во последните шест недели, пред истекот на рокот што им е даден за да ја исполнат задачата.

Поврзани новости