Драма во Долно Соње, двајца гости се вратиле на семејна веселба со пушка и боксирач

by Фокус

Утрово после полноќ во скопското село Долно Соње, во куќа во сопственост на П.К. (56) од Скопје, каде што претходно имало семејна веселба, се случил инцидент во кој биле употребени ловечка пушка и боксирач.

Од МВР информираат дека во куќата дошле лицата М.М. (27) и С. Т (24), кои од страна на сопственикот биле поканети и по кусо време заминале. Но, набргу пак се вратиле при што С.Т. со себе носел ловечка пушка, а пак М.М. боксирач.

„Тие влегле во дворот на куќата при што М.М. го нападнал Б.К. (27), инаку син на сопственикот на куќата, а пак С.Т. испукал еден проектил во правец на неколку лица. Во тој момент лицето Н.К. ја фатил пушката што била во рацете на С.Т. по што вториот проектил бил испукан во воздух. По ова М.М. и С.Т. го напуштиле местото на настанот“, се појаснува во соопштението од МВР.

Поврзани новости