Стојчевски вели дека е задоволен од интересот и планира вредно да работи на враќањето на популарноста на овој спорт во земјава.
-Натпреварот се одржа по пауза од пет години. Продолживме каде што застанавме, и многу сум задоволен поради тоа што гледам дека за овој спорт постои голем интерес, имаме силни и згодни момци кои што се пријавија и се натпреваруваа, но настанот имаше и своја публика, што е показател дека во Македонија луѓето се интересираат за натпреварите од овој вид – вели Драган.
Тој додава дека биле доделени многу награди, а како апсолутен победник на турнирот излегол Дејан Јовановиќ.
-За сите победници беа обезбедени парични награди. Во категоријата до 80 килограми првите награди заминаа кај Марко Велевски од Скопје, Марјан Цветковски од Скопје и Тоде Миноски од Струга. Во категоријата од 80 до 90 килограми, првата награда ја добив јас, а наградени беа и Христијан Манасиевски од Гевгелија и Даниел Спасеновски од Кичево. Во категоријата од 90 до 100 килограми наградите ги освоија Стефан Поповски од Битола, Сефер Требишта од Дебар и Владимир Петковски од Битола. Во категоријата над 100 килограми наградени се Дејан Јовановиќ од Скопје, Дино Дечковиќ од Скопје и Бојан Димитров, исто така од Скопје. Драго ми е што настанот успеа да ги собере силните и згодни момци од целата земја на едно место, односно што имавме учесници од многу градови кои ги покажаа своите мускули – изјави Стојчевски.