Последен собраниски ден за буџетот, се распишуваат локалните избори, утре ќе се расправа за Зврлевски

by fokus

Пратениците денеска последен ден ќе расправаат за ребалансот на буџетот, по што се очекува да следи гласање за истиот.

Пратениците на власта и опозицијата имаат различни ставови за предложениот буџет – за ВМРО-ДПМНЕ скратени се средства од клучни области како образованието и здравството и капиталните инвестиции, додека пак за владејачкото мнозинство се крателе само непродуктивните трошоци на претходната власт.

За денеска, претседателот на Собранието, Талат Џафери најави дека ќе го потпише и решението со кое ќе ги распише локалните избори.

На утрешниот собраниски дневен ред пак, ќе се најде предлогот за разрешувањето на Републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски.

Поврзани новости