ДПМНЕ за новото задолжување: Заев да одговара за криминалот

by fokus

На соопштението на СДСМ во кое партијата предупредува дека власта во заминување утре ќе не задолжи за нови 21 милион евра, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ. Тие велат дека Зоран Заев треба да одговара за криминалот кој го направил.

-Аболицираниот Заев пред три недели по петти пат избега од законот и на кукавички начин го лажеше судот и јавноста дека има приватни обврски за да го одложи рочиштето. Тој излажа дека ќе се сретне со италијанскиот амбасадор само за да го избегне рочиштето за случајот „Поткуп“, криминал од над 200.000 евра во кој беше фатен „жив“. Аболицираниот Заев молчи пред јавноста и не признава дека се сретнал со својот пријател и сограѓанин со кој се видел претходно илјадници пати. Аболицираниот Заев да собере храброст и да се соочи со законодавните органи и македонската јавност и да признае дека свесно лажел за да го избегне рочиштето, се вели во рекацијата на ВМРО-ДПМНЕ за задолжувањето.

 

Поврзани новости