Доста беше. Навистина, доста беше. Не излезени од криза што ја живееме последниве неколку години, влегуваме во нова, бесмислена и наметната криза. И тоа го правиме како се да е нормално, како да е наше секојдневние. Узурпирани во секој сегмент, државата не само што не може да направи чекор напред, туку почнува да е враќа два чекори наназад. И после сите протести, нови избори и разни сценарија, Македонија повеќе не заслужува да биде заложник на вештачко креираните сценарија на Груевски. Ниту тој ќе се спаси, ниту пак ќе злоупотреби народ да спречи формирање на влада во која тој нема да биде инволвиран. ДПМНЕ, намерно или неманерно, почна да се однесува како опозиција и тоа до некаде е добро. После 10 години, се вратија на барањата за дебати, се вратија на улица и сето тоа ветува дека ќе бидат силна опозиција, а би биле и уште посилна кога ќе се ослободи од криминалците во неа. Храброста што ја демонстрираат за наводен спас на Македонија, мора да ја пренасочат кон храборост за спас на партијата затоа што ДПМНЕ можеби сега е силна, но ако продолжи под раководство на Груевски, шансата да биде уште посилна ќе ја прокоцка и кузнај кога повторно ќе ја добие. За доброто на Македонија, они не смеат да си дозволат партијата да биде изгубена, изолирана и науштена само поради фикс идеите на нивниот сегашен претседател. ДПМНЕ е повеќе од Груевски и треба тоа да го покаже, а ќе има време во наредните неколку години додека се опозиција тоа да го зајакне, а потоа на новите избори да покаже капацитет дека се способни и без Груевски.
Да се вратиме на моменталната ситуација. Главните потези и клучните карти сега се во рацете на СДСМ, и СДСМ заедно со своите потенцијални коалициони партнери (оние кои ги дадоа потписите за нова влада) треба да почнат да дејствуваат државотворно. Мораат да ги земат предвид и ризиците што ги носи таа изградба на нови темели на една држава што Македонија заслужува да биде, демократска, праведна и еднаква за сите. А тоа е голем залак, затоа што Македонија со години веќе не е таква, угниени и разнишани се сите слоеви од едно општество, загушено и зацапано во партизација, непрофесионалност и неодговорност. И за доброто на сите, тоа мора да престане. Мора да престане ако сакаме да си ја спасиме државата. Мора да се реформираат и обноват тие слоеви, на поцврти и независни столбови што ќе бидат и останат пример за новите генерции. На Македонија не и треба 4-ти Илинден, на Македонија и треба нов втор 8-ми Септември, каде повторно ќе покаже независност како држава, овојпат независна од политиките, желбите и сценаријата на Груевски.
Платформи, поделби и разни искреирани сценарија се само наметната пречка за нас. Тие ниту вистински постојат како главна реформска политика, ниту ќе постојат. Голем дел од граѓаните тоа го знаат, само едни се свесни за тоа, а другите се принудени да веруваат. Затоа се и изнудените протестите „За Заедничка Македонија“, без никаква силна поента и убедување природно да мобилизира маса на народ. Таму се луѓе што сиве овие години на еден или друг начин цицале и профитирале од државата, на проекти, бизниси, вработени во државни институции или потпомогнати од партијата да успеат во нешто за кое без неа, никогаш не би успеале. И тоа траеше, но и тоа ќе мора престане. Таму се и луѓе не по своја волја, туку од страв дека ќе бидат избркани од работа. И тој страв мора да престане.
Да бидеме реални, ниту ќе има судир меѓу граѓани, ниту ќе има рушење на институции. Ниту ќе се спречи избор на претседател на собрание, ниту пак ќе спречи нова Влада. Никој до толку не е луд да оди и си ја ризукува својата безбедност за плата и пари. Никој не сака да гине за 15-20 000 денари, колку и гласно да го скандира и извикува тоа. Никој не е до толку несвесен што се случува.
Она што е клучно и многу важно е СДСМ што побрзо да направи Влада, нечекајќи амин од Иванов затоа што никогаш нема да го добие, ниту пак чекајќи од ДПМНЕ да се вразуми и почне да делува согласно со некакви демократски, уставни правила и ја предаде власта на послужавник. И на Иванов, и на ДПМНЕ им се даде шанса да демонстираат демократски капацитет и покажат дека Македониај вреди повеќе од Груевски, а они за жал, тоа не го искористија и на крај штетата ќе оди на нивно салдо.
Во моментот, над 700 000 граѓани чекаат и се уште се трпеливи за промени коишто демонстираат нов, прав пат кон светла и просперитетна иднина во државата. Но, државата нема време за чекање. Македонија сега живее на апарати, оболена од вештачка болест создадена од ДПМНЕ, а придниот лек на тоа го има СДСМ, и СДСМ мора тој медицински зафат да го направи. Не за себе, туку за сите нас што чекаме и сакаме да живееме во држава којашто навистина ја заслужуваме.
Дојдено е времето за демонстрирање државотворност!