Анета Наковска до Коце Трајановски: Направи прифатилишта и покажи човечност на дело!

by fokus 11:28
11:28

Фолк пејачката Анета Наковска, која е голем љубител и борец за правата на животните, се огласи вчера, по протестот во Скопје, на кој што голем број на граѓани побараа од институциите стерилизација, а не елминација на уличните животни. Таа му упати отворен апел на градоначалникот Коце Трајановски, во кој што му порача да се покаже на дело, и да направи прифатилишта за бездомните кучиња, кои што се честа мета на трујачите.

,,Еден најтопол апел до нашиот градоначалник Коце Трајанов, да ја покаже својата човечка големина и хуманост на дело и да даде позитивен фидбек на сите наши барања кои ги изложивме на протестниот марш за правата на животните, а воедно и да им биде пример на сите други градоначалници низ земјава, да направат соодветни прифатилишта за сите животни, со хуман третман, а не како ужасот во Вардариште! Срамно и жално е да се случува нешто такво во ова време, и никој ништо да не преземе! Се разбира, ако сакаат повторно да ги гласаме, еве им можност да се покажат на дело!’’ – апелираше Наковска на својот официјален Фејсбук профил.

- Advertisements -

Таа смета дека дел од медиумите не ја пренеле пораката од маршот соодветно, бидејќи не бил ставен акцент на масовноста на маршот, маршутата, но и говорите на јавните личности кои што биле дел од толпата. Неколку часа пред да го постира апелот, таа му упати и друга порака на Трајанов, во која што му порача наместо палми кои што не можат да успеат на нашето поднебје, да инвестира во прифатилишта за бездомните животни, но набргу ја избриша целата порака. На нашето прашање зошто го избришала постот за палмите, таа ни одговори дека се предомислила, бидејќи сите се ,,фатиле’’ за палмите, па сметала дека апелот во кој што на Коце му порачува да покаже хуманост кон животните, ако сака пак да гласа народот за него, ќе има поголем ефект и ќе придонесе нешто да се смени на ова поле.

Организацијата ,,Кане Корсо’’ на вчерашниот протест во Скопје потенцираше дека главен проблем е слободната продажба на отрови кои што се опасни за здравјето и животот на сите. Тие бараа институциите да изнајдат хумани и ефикасни начини за надминување на проблемот со бездомните животни, а на оние кои што вршат насилство над животните да им се изрече казна затвор.

Вики Клинчарова

Поврзани новости