Маратонската собраниска седница продолжува денеска

by fokus

Во 11 часот денеска се очекува продолжението на конститутивната седница на Собранието на која треба да се изберат претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на комисијата за прашања на изборите и именувањата.

На дневен ред на седницата е и изборот на претседател на Собранието на Република Македонија.

Во комисијата ВМРО-ДПМНЕ ќе биде застапена со шест членови, СДСМ ќе има пет, а ДУИ и БЕСА по еден член.

Поврзани новости