ДПМНЕ бесрамно го валка историското „ВМРО“

by Fokus

Предзнакот “ВМРО“ денеска е узурпиран од политички партии кои сакаат да ги присвојат само за себе придобивките на славната организација од минатото, иако и самите се свесни дека немаат ништо заедничко со целите и традициите на ВМРО, се наведува во соопштението на Либерално-демократската партија, кои го честитаат 23-ти октомври – Денот на Mакедонската револуционерна борба.

– Никој нема право на монопол на овој дел од македонската историја, ниту пак право да ги валка во пепелта на криминалот, корупцијата и злоделата на оваа власт, чија партија го носи предзнакот “ВМРО“. Груевски заедно со неговата осомничена и обвинета дружина за криминал и изборни измами, немаат право да се кријат зад идеологијата, патриотизмот и зад овие четири букви кои се длабоко всадени во кодот на секој македонски граѓанин – продолжува понатаму во партиското соопштение.

ЛДП во новото Собрание после 11 декември ќе поднесе закон за отстранување на четирите историски букви “ВМРО“ како предзнак на политичките партии и забрана за злоупотреба на ова име во насока на прибирање на политички, комерцијални и лични поени.

 

Поврзани новости