Комитетот за човекови права ја прашува Македонија зошто го ограничува абортусот?

by Фокус

Комитетот за човекови права упати неколку прашања до државата, очекувајќи во најскоро време да добие одговори по повод Меѓународниот ден за човекови права. Тие по кој знае кој пат прашуваат – зошто државата го ограничува правото на абортус?

– Ве молиме одговорете за загриженоста околу тоа дека Законот за прекинување на бременоста, со воведувањето на задолжително советување и период на чекање, како и јавните кампањи на Владата за ограничување правото на абортус, се во согласност со Пактот? Ве молиме известете за мерките кои се преземени за зголемување на пристапот до контрацептивни методи и мерките за намалување на доенечката смртност? – прашуваат од Комитетот за човекови права.

Од таму бараат бришење на законските ограничувања на правото на жената слободно да одлучува за сопственото тело и планирањето на родителството содржани во член 6 од законот за абортус и измена на содржината и начините за советување во правец на нивна синхронизација со препораките на Светската здравствена организација за безбеден абортус.

Поврзани новости