Реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ дека одбива да преговара за албанскиот јазик и за Специјалното обвинителство, ДПА ја смета за политичка игра меѓу ВМРО и ДУИ.
-Тоа што се случува овие денови во однос на заедничката декларација на албанските партии за жал морам да кажам дека оваа заедничка Декларација секој ден го смалува бројот на барања кои беа во таа декларација, а се плашиме дека понатаму ќе испадне дека партиите потписнички на декларацијата, ќе кажат дека – ете, претеравме со барањата кон ВМРО и на крајот ќе се бара на ова декларација да се додадат дополнителни точки од програмата и платформата на ВМРО за кои ќе кажат дека ќе се залагаат да ја спроведат. Во врска со реакцијата на ВМРО мислиме дека е долгогодишна игра на овие две партии, ВМРО и ДУИ. – вели Беким Фазлиу, a пренесе Алсат-М.