РЕК работи, струја нема

by fokus

Дефектот во РЕК Битола е поправен и комбинатот работи со полн капацитет, но сепак во земјата продолжува увозот на скапа струја.

Државните електрани на вчерашната аукција набавија електрична енергија која треба да ги покрие потрбите за следните девет дена.. Претходно увезената струја за помалку од една недела ја чинеше државната компанија 2 милиони евра. Од ЕЛЕМ велат дека оваа набавка нема да ја поскапи струјата.

Од СДСМ пак, тврдат дека набавката на струја во првите денови од новата година ја чини државната компанија 4 милиони и двесте илјади евра.

-Ова што ни се слчува деновиве ги открива сите криминални политики на оваа власт во заминување. Македонија е оставена без доволна количина на елктрична енергија произведена дома и без реални инвестиции во домашните енергетски капацитети – вели Митко Андреевски, претседател на Комисијата за енергетика на СДСМ.

Поврзани новости