ДПА и БЕСА незадоволни од Законот за јазици

by fokus

Албанските опозициски партии, БЕСА и ДПА остро се противат на предлог-законот за употреба на јазиците кој Владата го усвои завчера, објави телевизија Алсат.

Според Движењето БЕСА велат дека со новиот Закон за јазици албанскиот јазик не се официјализира целосно, туку само се вршело унапредување во соодветни институции.

„Тоа што е на прв поглед, тоа што се гледа и нема како да се скрие е дека со овој предлог за Албанците останува нереализирана аспирацијата која отсекогаш ја имале во овие краишта и во претходниот систем, но и во овој, 27 години, албанскиот јазик да биде целосно службен јазик“, изјави Фадил Зендели од Беса за Алсат.

Од ДПА пак законот го оценуваат како предизборен маркетинг на владејачките партии.

„Ова е стара измама која сакаат да ја продадат како нов успех. ДПА оценува дека и овој предлог-закон, во ниту една околност не го прави албанскиот рамноправен со македонскиот јазик, напротив само ја легитимира јазичната дискриминација кон Албанците. Само законот за реализирање на рамноправната на јазиците и службените натписина РМ, кој го предлага ДПА, го решава прашањето со официјализирање на албанскиот јазик“, велат од оваа партија.

Поврзани новости