ДПА го напушта Собранието поради тепачката

by Фокус 15:04
15:04

Демократската партија на Албанците (ДПА) во иднина нема да присуствува во работата на Собранието, поради денешната тепачка меѓу пратениците од ДПА и од ДУИ, соопшти попладнево коорденаторот на пратеничката група на партијата на Тачи, Имер Алиу.

Алиу побара итно да се гонат, како што рече, криминалците и насилниците Талат Џафери, Реџаил Исмаили, Мерваин Ибраими, Артан Груби и Муса Ибраими, пратеници од редовите на ДУИ.

- Advertising -

– Ние, во меѓувреме ќе преземеме адекватни заштитни мерки од овие насилници и злосторници – додаде народниот избраник од ДПА.

Поврзани новости