Демократската партија на Албанците информира дека со внимание ги следи случувањата во Куманово и апелира до граѓаните да останат смирени и да не подлегнуваат на провокации. ДПА како опозициска партија бара од МВР и од другите владини институции кои се вклучени во оваа ситуација, со нивните дејства на ниту еден начин да не ги загрозуваат животот и имотот на граѓаните.
ДПА има потенцијал и партиска способност насобраното незадоволство да го артикулира со политички методи и да ги брани интересите на Албанците од Македонија. ДПА апелира Албанците да не станат дел од сценарија на разни поединци или групи со агенда и цели кои не се дел од методите со кои Албанците би сакале да ги решаваат нивните проблеми, се вели во соопштението на ДПА, од каде што го повикуваат меѓународниот фактор итно да интервенира во ситуацијата за да се спречи понатамошна ескалација на ситуацијата.