Лидерот на ДПА, Мендух Тачи смета дека решението за излез од политиката криза е долгорочно и не прифаќа формирање на техника Влада која ќе организира и спроведе прдвремени избори.
Тачи смета дека треба да се формира широка коалициска влада, во која половина од министерските места што сега ги има ДУИ би требало да ѝ припаднат на ДПА. Ваквото решение за излез од кризата би значело и одржување на парламентарни избори на редовниот термин во 2018 година- вели Тачи.
Според него, широката коалициска влада треба да го организира и пописот, кој би гарантирал прочистен избирачки список. За ваквите статистички операции, потребно е време и затоа е невозможно да се одржат избори наесен или во март наредната година заедно со локалните, порача лидерот на ДПА, по синоќешната ифтарска вечера, која традицонално партијата ја одржува во Тетово.
За лидерската средба пак, која што се најавува за деновиве, Тачи вели дека нема резултира со решенија за излез од кризата и не верува дека воопшто ќе се одржи.