Шаренa герила пред Уставен суд

by fokus

Шарената револуција не мирува и не заборави уште еднаш да ја потсети власта дека рокот за нивните барања истекува.

Шарените герилци вчеравечер пред мостот „Око“ кој води кон влезот на Уставен суд, испишаа огромна шестка, одбројувајќи до крајниот рок за нивниот ултиматум.

 Тие го напишаа и датумот 18 јуни на плочникот на мостот, а фрлија и неколку балони со боја на подот и на дел од оградата.

До тој датум, Шарената револуција бара Уставниот суд да се произнесе за уставноста на СЈО и да престане прогонот за сите демонстранти.

-Излез од кризата не може да има ако нема правда, а правда нема да има ако нема Специјално јавно обвинителство и ако нашите соборци и понатаму се под прогон – порачаа шарените револуционери.

Поврзани новости