643
Откако претходниот пат ексивираше без оправдување, битолскиот градоначалник Владимир Талески денеска се појави на распит во скопскиот суд.
Градоначалникот дал исказ за предметот „Транспортер”, во кој се сомничи за коруптивен тендер за превозот на учениците во општината, преку кој ја оштетил државната каса за 360 000 евра.
Тој во судот дошол со адвокатот Никола Додовски, кој е бранител на повеќето високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
Инаку, специјалното јавно обвинителство ги продоложи сите кривични постапки против државните фунционери, откако падна одлуката за поништување аболициите. Веднаш после тоа, СЈО за Талески од судот побара мерка притвор, за која се уште нема одговор.