Досега вакцинирани 3.028 здравствени работници

by fokus

Вакцина против Ковид-19 заклучно со денеска примиле 3.028 здравствени работници, информираа за МИА од Министерството за здравство.

Имунизацијата се одвива во модуларната болница при Инфективната клиника во Скопје, а се врши со вакцини од производителот „Фајзер“ кои државава го доби како донација од Србија.

За вакцинација преку веб-страницата „vakcinacija.mk“ досега се пријавиле 72 800 граѓани, а 47 569 преку матичен лекар, посочија од Министерството за здравство.

Поврзани новости